Ограбена златарницата Бисер

23.01.2014 15:02 | KumanovoNews

  Златен накит во вредност од 100 000 евра е украден од златарница „Бисер„ на улицата „11 Октомври„ во центарот на Куманово.

Ограбена златарницата Бисер

Грабежот се случил минатата ноќ, кога крадците го пронашле сефот со накит и побегнале без никој да ги види. Кражбата била забележана вчера наутро кога луѓето од соседните дуќани дошле на работа. Веднаш го известиле сопственикот Сали Адеми (56) од Скопје и повикале полиција.

Сефот е тежок помеѓу 700 и 800 килограми, а голем метар на метар. Тоа не можел да го однесе само еден човек, сигурно биле најмалку 10 души. Го искршиле катанецот и бравата на вратата, и многу вешто ја извршиле кражбата. Го извадиле сефот од под работната маса без да остават отпечатоци, а нема ниту очевидци-  раскажува вознемирено Сали.

Соседите кажуваат дека во последните 10 дена ова е четврта кражба на сефови на истата улица. Украден е сеф на уште една златарница, менувачница и продавница за сребро. Таму крадците нашле минимален плен. Тие бараат полицијата да ги зајакне контролите во тој дел на градот и да ги казни арамиите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk