Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво над двајца вработени на бензинската пумпа во селото Проевце, при што однеле поголема сума пари.
Разбојништвото се случило утринава во 4.30 часот, кога сторителите со закана со пиштол им ги одзеле торбите со парите од дневниот промет, со засега неутврдена сума пари, а потоа ги затвориле во тоалетот. На излегување од објектот одзеле и неколку штеки цигари, по што со автомобил непозната марка побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk