Ограбени мигранти од Сирија

04.03.2016 14:32 | KumanovoNews

Во Прифатниот центар за бегалци во Табановце пристигнале 11 лица - мигранти од Сирија , сите без лични документи за идентификација, а девет од нив со грчки документи за регистрација на бегалци, пријавиле разбојништво.

Ограбени мигранти од Сирија

Во разговор со полициски службеници истите изјавиле дека пред седум дена илегално влегле во Р.Македонија и дека после два дена пешачење, на точно неутврдено место, биле пресретнати од 7  непознати лица, кои со закана со пиштоли и ножеви, на осуммина од нив им одзеле вкупно 2.920 евра. По извршениот разговор мигрантите се сместени во Прифатниот центар за мигранти во Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk