Ограбил маркет, па и се заканил на директорка на Центарот за социјални работи

28.05.2019 16:57 | KumanovoNews

Кумановец во текот на вчерашниот ден ограбил маркет, а потоа и се заканувал на директорката на Центарот за социјални работи во Куманово.

Ограбил маркет, па и се заканил на директорка на Центарот за социјални работи

 Случајот во СВР Куманово, го пријавил вработен во маркет на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“,  дека непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.

По преземени мерки Ф.Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.

Во меѓувреме, било пријавено дека, после разбојничката кражба во маркетот, Ф.Н. заминал во просториите на директорот на Центарот за социјални работи Куманово, каде што и упатил закани по животот.

По целосно документирање на случаите против Ф.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk