Ограбил обложувалница со пластичен пиштол

09.02.2015 13:02 | KumanovoNews

Вооружен напаѓач синоќа ја ограбил спортската обложувалница „Вил Хил“ на ул. „Тоде Думба“ во Куманово.

Ограбил обложувалница со пластичен пиштол

Разбојништвото се случило во 22.45 часот, кога напаѓачот со пиштол му се заканил на вработениот да му ги даде парите во сефот. Откако ја одзел кутијата со пари и тргнал да побегне, вработениот го нападнал разбојникот и успеал да му го одземе пиштолот, а дел од парите испаднале во обложувалницата. Крадецот успејал да избега во непознат правец. Извршен е увид, при што е констатирано дека се работи за пластичен пиштол, а при пребројување на парите утврдено е дека недостасувале 4.150 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk