Ограбиле валандовец на бензинска пумпа во Куманово

08.06.2016 13:28 | KumanovoNews

Валандовец останал без поголема сума пари, злато и документи, откако непознати лица одзеле чанта од неговиот автомобил на паркинг на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце.

Ограбиле валандовец на бензинска пумпа во Куманово

Кражбата се случила ноќеска во 2.20 часот по полноќ, кога  Т.Т.(71) од Валандово, откако наполнил гориво го паркирал марцедесот со германски таблички да се одмори на паркингот од бензинската пумпа.  Додека стоел до совозачката врата му се приближило непознато лице и започнало разговор со него. Во исто време друг човек го искористил неговото невнимание, ја отворило возачката врата и од просторот пред совозачкото седиште одзел црна женска чанта во која имало 7000 евра, 7000 денари 15.500 српски динари, две македонски патни исправи, две книшки од банка, два мобилни телефони, златен накит и други предмети. Откако крадците си заминале, гастрабајтерот заклучил дека останал без пари и документи. Заминал во полициската станица Куманово и го пријавил случајот.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сучајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk