Огранокот на СДСМ слави 20 години постоење

04.11.2010 09:52 | KumanovoNews

 По тој повод утре во 18.30 часот ќе се одржи Свечена седница на која покрај извршниот одбор ќе присуствуваат и луѓето кои ги удриле темелите на организацијата и дале допринос во создавањето на партијата.

Огранокот на СДСМ слави 20 години постоење

 СДСМ свечено ќе го прослави 20 годишниот јубилеј на Општинската организација. По тој повод во 18.30 часот ќе се одржи Свечена седница на која покрај извршниот одбор ќе присуствуваат и луѓето кои ги удриле темелите на организацијата и дале допринос во создавањето на партијата.

Поканети се поранешните претседатели, сите функционери, бивши пратеници, советници, градоначалници и сите останати што значеле нешто во политичкиот живот на општинската организација Куманово. Очекуваме и гости од централното партиско раководство. Воедно ги повикувам сите наши сограѓани со сосцијалдемократска опција да ни се приклучет да го обележиме нашиот јубилеј- изјави претседателката Снежана Захариева.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk