Охридска банка организира крводарителска акција

18.03.2013 09:31 | KumanovoNews

 Охридска банка, експозитура Куманово, по повод 5 години од отворањето и успешна работа, утре организира крводарителска акција.

Охридска банка организира крводарителска акција

Акцијата ќе се одржи во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ од 10 до 15 часот.

Покрај вработените, во хуманата акција можат да се вклучат сите крводарители од градот и да го прослават јубилејот на банката.

Акцијата се организира со Заводот за трансфузиологија Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk