Охридска банка организира крводарителска акција во Куманово

19.03.2018 07:10 | KumanovoNews

Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, Охридска банка Сосиете Женерал и Црвен крст организираат крводарителска акција во Куманово.

Охридска банка организира крводарителска акција во Куманово

Акцијата ќе се одржи денеска од 10 до 15 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

„Ги повикуваме кумановци да бидат хумани и заедно со вработените во Банката и Црвениот крст да помогнат на оние на коишто крвта им е неопходна. Водејќи се од основните постулати на Банката, иновативност, постветеност, тимски дух и одговорност, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како општествено-одговорна компанија во различни области од секојдневното живеење“, - соопштуваат организаторите.

Охридска банка акцијата ја организира по повод 10 годишнината од постоењето во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk