Охридскиот теaтар на Денови на комедија

03.10.2017 14:44 | KumanovoNews

Ансамблот на Народниот театар Охрид, со претставата „Аналфабет“ вечерва гостува на јубилејниот дваесети Интернационален фестивал “Денови на комедија”, кој е во организација на центарот за култура “Трајко Прокопиев” од Куманово.

Охридскиот теaтар на Денови на комедија

Претставата “Аналфабет” е во режија на Ѓорѓи Ризески, а играат актерите Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска.

Автор на комедијата е Бранислав Нушиќ.

Претставата започнува во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk