ОИК: Избирачките одбори не добија пари за ланските избори

27.03.2014 17:13 | KumanovoNews

Само членовите на Општинската изборна комисија и 4 избирачки одбори од вкупно 128 во Општина Куманово, добиле дневници за минатогодишните локални избори.

ОИК: Избирачките одбори не добија пари за ланските избори

Останатите сеуште ги чекаат парите што треба да им ги исплати Општината.

За сите 128 избирачки места за членовите на одборите дадени се податоци, матични броеви, трансакциски сметки, но не знаеме кога ќе бидат исплатени. Луѓето се револтирани, меѓутоа ние ги убедуваме, им даваме позитивна енергија и се надеваме дека ќе си ги добијат хонорарите- вели Виолета Арсовска, претседател на Општинска изборна комисија.

Подеднакво револтирани се и партиските членови и вработените во администрација кои не добиле пари од локалните избори, додаваат од ОИК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk