Седум кандидати за градоначалник и 14 советнички листи во Куманово

23.09.2025 12:13 | KumanovoNews

Општинската изборна комисија за Општина Куманово ги утврди конечните кандидати за градоначалници и листите за советници во Советот на Општината за претстојните локални избори. 

Седум кандидати за градоначалник  и 14 советнички листи во Куманово

За местото градоначалник на Општината, од осум поднесени кандидатури утврдени се 7,  а една е отфрлена. Има 14 листи со кандидати за советници за Советот на Општината кој ќе брои 31 советник. 

Кандидати за градоначалик се: Мартин Костовски од коалицијата на СДСМ, Мирослав Петковиќ од Левица, Максим Димитриевки од Движењето ЗНАМ,  Селвер Ајдини од ДУИ, Виолета Арсовска од ЛДП и Арбен Етеми од ВЛЕН. Независен кандидат е Горан Стојковски - Диро.

Општинската изборна комисија ги потврди и доставените листи за советници за Советот на Општината од страна на коалицијата предводена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ,  Движењето ЗНАМ,  Македонска трета ера Суверенисти, МААК , коалиција ЛДП, Интегра и Партија за еманципација на Ромите, ДПСМ,  ДОМ,  ДУИ, ВЛЕН, Левица,  Единстена Македонија. Независните листи доставиле граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“  и „За Албанците на Куманово“.

Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk