ОЈО: Исчезнатото момче убиено и фрлено во бунар

29.06.2016 14:41 | KumanovoNews

 Лицето е идентификувано и се водело како исчезнато неколку дена, соопштуваат од ОЈО Куманово.

ОЈО: Исчезнатото момче убиено и фрлено во бунар

 Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на место во близина на црквата „Света Мина“ во село Добрашане, каде во бунар кој се наоѓа во борова шума е пронајдено безживотно тело.

Во координација со Министерството за внатрешни работи, нуркачи го извадиле телото на кое што била видлива прострелна рана на десната слепоочница. На местото се пронајдени траги од крв и една чаура.

Лицето е идентификувано и се водело како исчезнато неколку дена. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и наредба за вештачење на материјалните траги пронајдени на местото на настанот.

За случајот осомничено е едно лице, кое е задржано во полициска станица и за кое е нареден претрес на неговиот дом.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk