Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски вчера пресече црвена лента и ги пушти во употреба неколкуте улици во ова место со вкупна површина од 1,2 километри.
На свеченоста,покрај жителите и претставници од општинската администрација, месната заедница, присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во обраќањето пред присутните Дамјановски, рече дека оваа населба долги години била без комунална инфраструктура, но дека последниве години се решаваат проблемите на жителите од овој дел на градот, како што е поставување на канализација и сега-асфалтирање на улиците на површина од околу 4.500 квадратни метри.
Ги решаваме инфраструктурните проблеми на оние места каде има голема потреба. Очигледно дека овој дел од градот беше меѓу најзагрозените делови,но полека во изминатите две-три години успеваме да го направиме она што граѓаните го заслужуваат“-рече Дамјановски.
Градоначалникот најави дека наскоро, жителите од овој дел од градот, Долно Којнаре и месната заедница „Никола Тесла“ годинава ќе добијат уште два проекти, довршување на канализационите системи кои се градат две години и ќе се асфалтираат 3.500 квадратни метри на „Јоско Илиевски“ и „Гиго Цветковски“,таму каде што ќе биде решена канализационата инфраструктура.
Во наредниот период, Дамјановски најави дека ќе продолжат со реконструкција на патната инфраструктура во градот,така што до мај ќе биде завршено асфалтирање на приближно 30.000 квадратни метри површина и околу 15.000 метри квадратни бекатон плочи.
Се надевам дека Куманово ќе добие поубав лик. Тука нема да застанеме, се надевам дека наесен ќе отпочнеме нови проекти“ - рече Дамјановски.
За асфалтирање на овие улици во Долно Којнаре вложени се 3,6 милиони денари од буџетот на општината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk