Оливер Цветковски нов директор на Затвор Куманово

25.07.2024 09:16 | KumanovoNews

Оливер Цветкоски од Куманово е именуван за в.д.директор на Казнено поправната установа (КПУ) Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Оливер Цветковски нов директор на Затвор Куманово

Цветковски е именуван на функцијата на вчерашната седница на Владата, а на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции.

„Изразувам благодарност до Премиерот Христијан Мицковски и Владата за укажаната доверба. Ветувам максимален ангажман, работа и посветеност во сузбивањето на криминалот и корупцијата. Македонија да ја направиме достоинствено место за живеење“, објави Цветковски.

Цветковски има завршено воена академија и магистрант е на Правниот факултет, за казнено право и криминалистика, вработен е повеќе од 15 години во Судската полиција, а на новата функција доаѓа од местото командир на Судска полиција во Основен суд Куманово. Член е на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ќе го замени досегашниот директор на затворот К`шање Ненад Цветковиќ.

Хамид Алитовиќ  е именуван за в.д. заменик на директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk