Оливер Стојмановски нов в.д. директор на ЈП „Водовод“

13.09.2021 08:58 | Сузана Николиќ

Оливер Стојмановски - Цобра е нов в.д. директор на ЈП „Водовод“ во Куманово.

Оливер Стојмановски нов в.д. директор на ЈП „Водовод“

Стојмановски доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Стојковски, кој пред неколку месеци поднесе оставка, а деновиве му заврши договорот за работа во претпријатието.

Новиот директор по професија е економиста и веќе 18 години работи во Јавното претпријатие „Водовод“ како раководител во Одделението за наплата. Тој функцијата ја преземал во четвртокот.

 „Договорот ми е на 6 месеци. И во наредниот период ќе го задржиме континуитетот во работењето во делот на квалитетно и навремено водоснабдување на граѓаните, како и во функционирањето на претпријатието“ - изјави Стојмановски за Кумановоњуз.

Стојмановски еден мандат беше советник во Советот на Општина Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk