ОНЕ подари опрема за Брза помош

21.03.2011 11:41 | KumanovoNews

Компанијата ОНЕ денеска во Здравствениот дом Куманово, донираше медицинска опрема за амбулантните возила на Брза помош. Донацијата е вредна 5 илјади евра, а содржи апарати,  помагала и високо софистицирана опрема за транспортирање на повредените.

ОНЕ подари опрема за Брза помош

Има за цел да ги подобри условите на работа на лекарските екипи, а граѓаните да добијат квалитетна медицинска помош.

Јас се надевам дека оваа опрема што помалку ќе се користи, но е од исклучително значење за болните и на медицинскиот персонал, бидејќи во значителна мера ќе ја олесни работата.За нас од особено значење се нашите граѓани и затоа се трудиме да го подигнеме квалитетот на живеењето, а со тоа да бидеме пример дека сме одговорна компанија-рече Виктор Доневски, директор на Одделот за односи со јавност на ОНЕ, при предавање на донацијата.

Во името на Здравстевниот дом Куманово, на групацијата ОНЕ се заблагодари директорот Миомир Панковски, кој рече дека во време на економска криза секоја донација е вредна и од посебно значење.

Нашата работа е таква и ние мораме да реагираме навремено и со права опрема.Ова е многу корисна донација и се надевам дека соработката ќе продолжи, и компанијата повторно ќе ни приреди  пријатно изненадување-рече Пановски.

Караванот на ОНЕ започна мината година и поминал низ 10 општини, а оваа година донации ќе добијат уште пет општини во земјава.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk