Опаѓа работата на чевларите

26.12.2011 15:35 | KumanovoNews

 Опстанокот на голем дел чевларски погони во Куманово е доведен во прашање, бидејќи во државата неконролирано се увезуваат чевли од кинеско производство.

Опаѓа работата на чевларите

Наместо да се потикнува домашното производство и да се бараат странски пазари, кај нас државата го стимулира увозот на евтини и неквалитетни обувки на кило. Сопствениците бараат да се промени царинската политика и да се намалат давачките за да продолжат со работа или во спротивно ќе мораат да го намалат производството и да отпуштаат работници.

Никаде во светот чевлите не се продаваат на кило, туку на пар. Значи, ако таа чевла таму е купена десет евра и се знае колку се царинските давачки за увоз и ДДВ, така формираните цени  треба да се појават на пазарот. Тогаш не би имале против. Вака, овие цени ни создаваат големи проблеми и отежнато се продаваат нашите производи- вели Ѕвонко Георгиевски од фабриката"Бос чевли".

Чевларите велат дека за нив доаѓаат уште полоши времиња, бидејќи нема доволно работа во кожната индустрија, а и традиционалните партнери во Италија немаат доволно работа ниту репроматеријали. Во Куманово работат над 50 чевларски погони и мини фабрики со неколку илјади вработени. Куманово е чевларскиот град со традиција од два века, некогаш тука се произведувале три милиони пара чевли годишно. Чевларите го прославија нивниот празник „Свети Спиридон„ со желба за поубави денови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk