Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(54) од с. Опае поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Минатата недела во 20.00 часот полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле една некомплетна автоматска пушка, воздушна пушка без кундак, 12 куршуми калибар 7,62 мм, 13 куршуми за автоматска пушка, седум куршуми од непознат калибар и 18 куршуми непознат калибар маневарска муниција, кои пријавениот неовластено ги држел во својот дом.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk