Опасност од експлозија ја затвори пругата Куманово-Табановце

25.05.2016 13:16 | KumanovoNews

 Повеќе од 9 часа беше во прекин железничкиот сообраќај на пругата Куманово граничен премин Табановце, поради опасност од експлозија на плин.

Опасност од експлозија ја затвори пругата Куманово-Табановце

Утрово во 4 часот по полноќ на железничкиот граничен премин Табановце, пристигнал товарен воз со композиција од 16 вагони од кои 6 со плин. При редовна проверка на вагоните било утврдено дека од една цистерна протекува плин. Заради безбедноста на луѓето и околината сообраќајот е запрен и повикана е полиција, војска, пожарната единица и инспекциски служби.

 Стручни екипи на Македонски железници го отстраниле дефектот, поточно бил затегнат еден вентил каде излегувал гасот, по што возот бил вратен во сообраќај.

„ Во вакви случаи тоа е редовна процедура да се затвори сообраќајот, бидејќи една искра од друг воз може да предизвика хаварија од несогледиви последици, - велат од железничката станица Табановце.

Во 13.30 часот пругата е отворена и сообраќајот е нормализиран.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk