Операта „Рита“ вечерва во Центарот за култура во Куманово

06.06.2024 11:35 | KumanovoNews

Во големата сала на Центарот за култура во Куманово вечерва со почеток од 20 часот ќе гостува Македонската опера и балет со операта „Рита“ од италијанскиот оперски композитор Гаетано Доницети, диригент Aндреј Наунов, во режија на Трајко Јордановски.

 

Операта „Рита“ вечерва во Центарот за култура во Куманово

Станува збор за комична опера од Доницети, приказна за млада и убава девојка која е вплеткана во интригите на брачните недоразбирања кои завршуваат со среќен крај.

Во операта играат: Ана Ројдева како Рита, Јане Дунимаглоски како Бепе, Васко Здравков како Гаспаро, Борко Биџовски како Бартоло. Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.

 Времетраење на операта е 75 минути, а билтетите за истата се продаваат на билтерата во Центар за култура по цена од 150 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk