Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните и фирмите што ќе добијат опомени од Управата за јавни приходи за неплатена радиодифузна такса во рок од една седмица треба да го платат долгот, во спротивно ќе следи присилна наплата.
- Со цел да се избегнат трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови. Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати - информираат од УЈП.
Опомени се доставени до 31.660 фирми кои должат повеќе од 37 милиони денари, а идната недела опомени ќе добијат и 100.000 граѓани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk