Опомени за сите што не платиле фирмарина за 2011

27.03.2012 09:28 | KumanovoNews

Даночното одделение на Општината Куманово деновиве доставува опомени за наплата на комуналната такса- фирмарина за правни лица и трговци поединци за 2011 година.

Опомени за сите што не платиле фирмарина за 2011

Даничните обврзници кои ќе добијат опомена, должни се уплатата за комуналната такса да ја извршат во рок од 8 дена, во спротивно парите ќе бидат присилно наплатени од банкарската сметка. Сите сопственици на фирми кои не добиле решение за плаќање на фирмарината можат да извршат проверка во Одделението за наплата на комунални такси во зградата на Општината Куманово. До крајот на месецот ќе започне е доставата на решенијата за наплата на комунална тракса-фирмарина за правни лица и трговци поединци за 2012 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk