Се запалил автомобил во движење во Старо Нагоричане, додека го гаснеле го удрил „пасат“

08.02.2024 13:40 | KumanovoNews

 Автомобил во движење утринава се запалил на регионалниот пат во селото Старо Нагоричане. 

Се запалил автомобил во движење во Старо Нагоричане, додека го гаснеле го удрил „пасат“

Утринава во 05.45 часот во полицијата било пријавено дека во село Старо Нагоричане настанал пожар во патничко моторно возило „тојота рав“ со скопски регистарски ознаки во движење, кое го управувал А.Т. од Холандија, со привремен престој во општина Старо Нагоричане. 

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а при нивна интервенција опожареното возило било удрено од друго возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки. Повредени лица нема, полицијата извршила увид на лице место“, велат од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk