Опожарен пасат на „Трета МУБ“

05.09.2020 14:01 | KumanovoNews

 В.С.(61) од Куманово пријавил во полицијата дека ноќеска околу 3 часот  по полноќ  било опожарено неговото патничко моторно возилов „фолксваген пасат” со кумановски регистарски ознаки.

Опожарен пасат на „Трета МУБ“

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале на ул. „Трета МУБ“ на запалено патничко моторно возило во периодот од 03.30 до 03.50 часот, со едно ПП возило и 2 пожарникара.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk