Опожарена куќа во Романовце, повредени нема

02.07.2024 15:52 | KumanovoNews

Ноќеска во село Романовце била опожарена  куќа, но за среќа нема повредени лица.

Опожарена куќа во Романовце,  повредени нема

Како што информираат од МВР, на 02.07.2024 година,  38 минути по полноќ,   во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Романовце.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид извршила  екипа на СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk