Опожарени две куќи и автомобил во Куманово

23.12.2020 13:07 | KumanovoNews

Во две куќи и еден автомобил биле зафатени со пожар во изминатото деноноќие во Куманово.

Опожарени две куќи и автомобил во Куманово

 Противпожарната единица интервенирала завчера во период од 22.40 до 23.20 часот, на опожарен патнички автомобил во нас. Бедиње. Пожарот настанал поради неисправна електрична инсталација на возилото.

Втората интевенција била вчера од 15,45 до 16,00 часот.на ул. „Др.Рибар“, откако било пријавено дека во семејна куќа пукнала плинска боца, која не направила поголема материјална штета.

Исто така, вчера од 18.20 до 19.45 часот опожарена е семејна куќа во нас. Средорек. Причината за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk