Опожарено БМВ на „Октомвриска“

12.11.2022 14:14 | KumanovoNews

Автомобил „БМВ“  утринава изгорел на паркин на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Опожарено БМВ на „Октомвриска“

Според СВР Куманово пожарот кај нив бил пријавен во 04.50 часот од Противпожарната единица Куманово.

„На ул. „Октомвриска револуција“ во Куманово, во близина на угостителски објект, било опожарено паркирано патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. (30) од Куманово, а кое било паркирано од М.И. (21) од Куманово“, соопшти Кумановската полиција.

Пожарникарите околу еден час го гаселе огнот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.

„ Територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ) интервенирала на запален автомобил на ул. „Октомвриска Ревулуција“ во период од 04.35 до 05.30 часот, а интервенирале со 1 возило и 5 пожарникари“.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk