Опожарено возило на кумановската полиција

20.01.2020 09:18 | KumanovoNews

Ноќеска во 2 часот по полноќ опожарено е возило на СВР Куманово, пред зградата на управните служби, поранешен дом на АРМ. Противпожарната единица интервенирала од 2 до 2.30 часот на гаснење на возилото.

Опожарено возило на кумановската полиција

- ТППЕ Куманово во изминатите 24 часа имала една интервенција и тоа од 02, до 02,30 часот, опожарено е едно возило на полицијата, кое било паркирано пред СВР Куманово - Отсек за управни работи.  Интервенирано е со 1 ПП возило и 3 пожарникари, - стои во соопштението на РЦУК.

Полициското возило било намерно запалено од едно лице, кое потоа побегнало. Сеуште нема официјална потврда на случајот од полицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk