Опозицијата ги предаде кандидатурите до ОИК

09.03.2013 09:21 | KumanovoNews

Коалицијата Сојуз на иднината, синоќа ги предаде кандидатурите за градоначлник и членови на Совет до Оштинската изборна комисија.

Опозицијата ги предаде кандидатурите до ОИК

 На еден час пред истекот на рокот, кандидатите на опозицијата и официјално влегоа во трка за локалните избори.

Благодарение на договорот што се постигна пред 7 дена, на заедничко задоволство имаме можност денеска да ја поднесеме листата за кандидат за градоначалник и советничката листа на Сојузот за иднината. Очекувам дека изборната комисија ќе си ја заврши работат во предвидениот рок и ќе имаме фер и демократски избори. Овие локални изборни ќе бидат доказ дека демократски зрееме, а тоа значи да имаме фер кампања. Како и досега ние ќе водиме цивилизирана и праведна кампања заснована на тоа што нудиме во програмата и нема да се занимаваме со нашите политички противници- рече Дамјановски.

  Кандидатот за градоначалник очекува да победи уште во првиот круг на изборите, а опозиција да освои 15 советнички места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk