Опозицијата замина на протест пред Собранието

24.12.2012 11:00 | KumanovoNews

 По 2,5 часовно задржување на мостот кај Искра, автобусите со граѓани од Куманово кои тргнаа на протестот пред Собранието околу 10.30 часот заминаа за Скопје.

Опозицијата замина на протест пред Собранието

По извршените проверки на автобусите без никакво објаснување полицијата ги пуштила да го продолжат патувањето.

Повеќе од два ипол часа не држат тука, наводно заради технички преглед на возилата. Едно возило го прегледуваат по 1 час. Тоа е дефинитивно сценарио на МВР. Но, нема да го скршат духот на Куманово, кое е слободарски град и ако треба пешки ќе одиме во Скопје. Власта треба да се преиспита каде ја води Македонија. Ова е диктаторски режим и треба да си заминат оние кои ја водат државата- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тој контактирал со командирите од СВР Куманово, кои кревале раменици и рекле дека наредбата за запирање на автобусите стигнала од Скопје.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk