Општина Крива Паланка објаува оглас за учесници за проектот “Туризам без граници”

09.03.2019 13:19 | KumanovoNews

Општина Крива Паланка, заедно со општина Витина  го спроведува проектот  „Туризам без граници” како грант доделен преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Косово.

Општина Крива Паланка објаува оглас за учесници за проектот “Туризам без граници”

Како дел од проектните активности предвидно е и обука за туристички водич, обука за екотуризам, и обука за online туризам кои ќе бидат спроведувани и во општина Крива Паланка и во општина Витина. Како дел од проектот учесниците ќе имаат можност да учествуваат на студиска посета каде ќе посетат и туристички локации во Албанија, Србија и Црна Гора. Општина Крива Паланка, за потребите на оваа активност бара 15 учесници.

Услови за учество на тренининзите се:

- да се полнолетни граѓани на возраст помеѓу 25-40 години

- да се жители на Крива Паланка

- да имаат важечка патна исправа ( лична карта или пасош)

- да имаат основно познавање на англиски јазик.

- да имаат желба да работат во областа на туризмот

Тренинзите ќе се одвиваат во период април – септември 2018. Пријавувањето за учество треба да биде најдоцна до 30 март 2018. Доколку има пријавено повеќе кандидати, проектниот тим, по извршен разговор со кандидатите ќе изврши финална селекција. Пријавувањето се врши на емиал адресата на проектот [email protected] При пријавувањето треба да се наведе:

- Име и презиме

- Телефонски број за контакт

- Ниво на познавање на англиски ( основно, средно или напредно)

Подетални информации можете да добиете на: Email: [email protected] и Тел: 071 829 825 ( Јорданчо Миневски)

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и ПЈРМ

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk