Општина Крива Паланка постави информативен портал во општинската зграда

09.02.2021 13:55 | KumanovoNews

Општина Крива Паланка постави нов информативен портал на влезот на општинската зграда преку кој граѓаните ќе можат тековно и навремено да се информираат за сите настани и одлуки што ги носи локалната самоуправа и Советот на Општината.

Општина Крива Паланка постави информативен портал во општинската зграда

На новиот портал ќе бидат достапни основните сервисни информации, услугите што се обезбедуваат, процедури, новости, најави и тековни настани, а веќе се врши и директен пренос на седниците на Советот.

Порталот е обезбеден преку донација на ОБСЕ, со цел да се унапреди и да се зголеми достапноста и транспарентноста на Општината и стручните служби и да се доближат услугите до граѓаните преку нови алатки и механизми.

„Транспарентното, отчетното и одговорното работење се приоритет на Општината, а посветеноста и континуираните напори во таа насока се препознаени. Според индексот на активна транспарентност, Општина Крива Паланка, со 89,9%  исполнетост на обврските, се наоѓа на четврто место од вкупно рангирани 98 институции, или на трето место помеѓу општините, и е најдобро рангирана општина во Североисточниот плански регион. Веб сајтот на Општината, пак, го освои второто место во категоријата на владини/државни институции во изборот за сајт на годината на македонската дигитална маркетинг агенција Медиа солушнс“, - потврдуваат од локалната самоуправа.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk