Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово на Град Скопје ќе му додели помош во висина од 1 милион денари за санирање на штетите во поплавените подрачја.
Истовремено еднократна парична помош во висина од 180.000 денари ќе добие семејството на загинатата кумановка Жаклина Божиновска.
Советот на Општина Куманово денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно ја донесоа одлуката.
Претседателот на Советот Максим Димитриевски, информираше дека општината Куманово обезбедила матрејална и техничка помош која во моментот е најнеопходна.
Градоначалникот со претставници на јавните претпријатија се на терен и координирано работат за пружање на потребната помош. Им благодрам на граѓаните што масовно се вклучија во обезбедување на хуманитана помош за поплавените подрачја. Куманово секогаш било хумано и се вклучувало во вакви акции, но и добивало помош кога тоа било неопходно, - рече Димитриевски.
На почетокот на седницата советниците со едноминутно молчење им одадоа почит на настраданите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk