Општина Куманово ќе купува беспилотно летало

02.03.2018 08:36 | KumanovoNews

Општина Куманово вчера распиша оглас за прибирање на понуди за набавка на беспилотно летало ДРОН со дополнителна опрема.

Општина Куманово ќе купува беспилотно летало

Како што стои во објавата, беспилотното летало се набавува за потребите на Општина Куманово, а проценетата вредност е 200.000 денари без ДДВ.

 Од Кабинетот на градоначалникот велат дека дронот ќе служи за откривање на комунални проблеми, односно со него ќе се лоцираат дивоградби, диви депонии, фрлање смет на јавни површини и други аномали.

„Бидејќи Општина Куманово зафаќа голема површина и не може физички да се покрие, за да се добие целосна слика за одредени работи ќе се користи снимка од воздух“, - појаснуваат од Кабинетот на градоначалникот.  

Дронот ќе го ракуваат двајца вработени, кои предходно ќе поминат  обука за упрвување со беспилотното летало.

(СДК.мк)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk