Општина Куманово дава финансиска поддршка на здруженија за спроведување на кампањи за здравствена заштита

19.10.2023 12:34 | Жаклина Цветковска

Општина Куманово обезбедува финансиска поддршка за  спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на граѓаните преку кампањи од областа на здравствена заштита за 2023 година.

Општина Куманово дава финансиска поддршка на здруженија  за спроведување на кампањи за здравствена заштита

Кампањите  од областа на здравствена заштита се однесуваат на  темите : злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции, превенција на тинејџерска бременост, сексуално преносливи болести, подигнување на свеста кај родителите за поголем опфат со вакцини, рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања.    

„ Со цел унапредување на здравјето на граѓаните на локално ниво, како и успешна реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година ,се распишува Јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита“, соопштуваат од општината.

Превентивно-промотивните активности можат да ги спроведуваат    здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита, да имаат Програма за работа за 2023 година, која опфаќа активности од областа на здравствена заштита и да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово.

Едно здружение/правно лице може да поднесе најмногу до 3 (три) предлог-проекти за финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита. Секој предлог-проект се доставува со поединечно барање до општинската архива.

Јавниот повик е објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk   и ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk