Општина Куманово го распиша конкурсот за Ноемвриска награда

01.10.2019 13:34 | KumanovoNews

По повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово, Општината и оваа година ќе ја додели Ноемвриската награда, како највисоко општествено признание што се доделува за посебни достугнувања во одредени области.

Општина Куманово го распиша конкурсот за Ноемвриска награда

„Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие што дело, односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Делата односно достигнувањата треба да бидат достапни до 11 Октомври, а авторот на делото да биде жител на општината“, - изјави Сашо Милковски, претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди во Советот на Општина Куманово.

Право на предлагање на кандидати имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци.

Предлозите со образложение во писмена форма се доставуваат до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 октомври годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk