Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово од утре (петок), па до 24 март, нема да врши прием на странки во сите сектори и одделенија на општината, поради состојбата со корона вирусот, согласно мерките и препораките на Владата.
- Шалтерите во архивата за странки ќе работат секој работен ден од 10 до 14 часот, а од Општина Куманово апелираат до граѓаните при доаѓањето задолжително да ги почитуваат и применуваат препораките на Министерството за здравство за одржување на хигиената и заштитата, - стои во соопштението од Општина Куманово.
Сите граѓани коишто имаат потреба од услугите во општина Куманово, може да се информираат и остварат контакт со вработените во Општина Куманово преку: официјалната интернет страница на Општина Куманово kumanovo.gov.mk, а за контакт може да ја искористат официјалната електронска пошта [email protected], како и фејсбук профилот на Општина Куманово.
Телефон : 031 475 800 - Централна зграда
031 438 633 - Зграда на Катастар
031 414 375 - Зграда спроти Градски Стадион;
031 475 812 - Просторија на Совет во Општина Куманово
031 475 824 - Архива
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk