Започна пријавувањето на проекти од културата за 2024 година кои ќе ги финансира Општина Куманово

18.10.2023 15:23 | Оливера Пешевска

 Објавен е повикот за прибирање на предлог-проекти кои ќе влезат во официјалната Програма за манифестации и настани од областа на културата на Општина Куманово за 2024 година.

Започна пријавувањето на проекти од културата за 2024 година кои ќе ги финансира Општина Куманово

Огласот  ќе трае 30 дена, до 16 ноември. На повикот можат да се пријават јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност. Новите идеи и проекти кои ќе ја збогатат културната програма во градот.

„Како сектор секогаш соработуваме со граѓаните и во нивен интерес доколку имаат прашања ние им стоиме на располагање. Јавниот повик се покажа како успешна алатка на транспарентен начин атрактивни  проекти поднесени од креативни и иновативни здруженија“,  изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт

Сите предлог-проекти кои ги исполнуваат условите, а ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата, ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2024 година која ќе биде предложена пред Советот на Општина Куманово.

Финансиската рамка за доделени средства преку овој јавен повик ќе биде дефинирана со донесување на Буџетот на Општина Куманово за 2024 година,  во рамки на Програмата за културни манифестации и настани, при крајот на тековната година.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk