Општина Куманово одвои 2 милиони денари за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани

17.03.2025 16:01 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово денеска на вонредна седница донесе одлука да издвои 2 милиони денари  (околу 32.000 евра) за помош на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката во Кочани.

Општина Куманово одвои 2 милиони денари за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Одлуката беше донесена едногласно од сите присутни советници, за доделување на парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во пожарот во Кочани.

Претседателката Ивана Ѓорѓиевска, во има на Советот изрази сочувство до семејствата на настраданите, и посака повредените побрзо да закрепнат.

Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит на настраданите во нереќата. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk