Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината за злоупотреба на службена должност, по член 353 од КЗ.
Лицето се сомничи дека додека било на работна позиција во Општина Куманово, во постапка за легализација на имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на општина Куманово, а со крајна цел да овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име.
„Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило Општината за износ од 2.152.192 денари, при тоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, кому општина Куманово го дала на употреба објектот за свои потреби. Од страна на Општината незаконското решение е поништено“, соопштуваат од Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk