Општина Куманово распишува конкурс за фотографија „ Мое Куманово“

22.05.2017 07:51 | KumanovoNews

Општина Куманово распишува конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од градот наречен „ Мое Куманово“.

Општина Куманово распишува конкурс за фотографија „ Мое Куманово“

На конкурсот можат да се пријават сите граѓани, професионалци фотографи и аматери со свои авторски фотографии.

„Мотивите на фотографиите да бидат од Општина Куманово: панорамски фотографии, ноќна фотографија од Куманово, знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани итн. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија (прво, второ и трето место) според оценките на Kомисијата за избор на најдобра фотографија“,- соопштуваат од Општината.

За првата награда ќе се доделат 15.000 денари, втората 10.000 денари и трето место 5.000 денари. Конкурсот трае до 5 јуни 2017, а пријавата за учество на конкурсот може да се симне од веб страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk, или да се подигне лично во Архивата на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk