Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово донесе одлука донесе за намалување на фирмарината за оваа година од 6.000 на 4.000 денари. Ова е една од мерките кои локалната власт ги презема за помош на стопанството погодено од пандемијата на КОВИД-19.
- Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата и консеквенците кои истата ги предизвикува врз стопанството и економијата, а со цел да им излеземе во пресрет на компаниите да ги надминат нарушувањата предизвикани од коронавирусот, предложивме и Совет на Општина Куманово го прифати намалување на висината на комуналната такса- фирмарина од 6.000 на 4.000 денари. Одлуката е издржана и е од заеднички интерес, бидејќи се работи за максималено намалување на износот согласно тарифникот за пресметка на комунални такси, - изјави Ненад Стојановски, овластен раководител на Секторот за даноци и такси во Општина Куманово.
Намалувањето на таксата за сите правни субјекти Општината ќе ја чини 6.7 милиони денари.
Стојановски вели до нив пристигнале голем број на барања од правните субјекти за целосно ослободување од плаќањето на комунална такса за 2019 и 2020 година, но тоа е против законски.
- Сакам да појаснам дека ослободување од плаќање на фирмарина не е возможно, затоа што со Закон за комунални такси не е дозволено ослободување од оваа давачка. Предвиден е тарифник со маргини и ние со оглед на нашите надлежности и ингеренции донесовме одлука фирмарината да биде најниска согласно законот,- додава Стојановски.
Од Општината информираат дека поради кризната состојба, Општина Куманово, Сектор за даноци и такси нема да испраќа опомени и нема да врши присилна наплата за целиов период додека трае вонредната состојба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk