Општина Куманово започна со дистрибуција на решенија за данок на имот и фирмарина

28.06.2020 11:37 | KumanovoNews

 Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, започна со дистрибуирање на даночните решенија за данок на имот за 2020 година. Решенијата се испратени по пошта и тоа за правни лица, физички лица и комунална такса - фирмарина, како и опомени за неплатени сметки во 2019 година.

Општина Куманово започна со дистрибуција на решенија за данок на имот и фирмарина

„Сите даночни обврзници, односно сопственици или корисници на имоти во Општина Куманово, кои не примале Решенија за данок на имот за 2020 год, треба да се пријават во канцалариите на Секторот за даноци и такси на Општина Куманово - спроти градскиот стадион, за подигнување на даночното решение или за информации за понатамошна постапка“, соопштуваат од Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk