Општина Липково ќе го развива туризмот

07.05.2015 09:29 | KumanovoNews

Општина Липково има потенцијали за алтернативен, рурален и туризам заснован на водните потенцијали, наведено е во стратегијата за развој на туризмот за период од 2014 до 2019 година.

Општина Липково ќе го развива туризмот

Kако предности се наведени заштитените со закон Мула Мурат џамија во село Отља, Халит ефенди џамија во село Слупчане, манастирот Света Богородица во село Матејче, езерата Липково и Глажња.

“Двете езера се во непосредна близина и можат да претставуваат единствена туристичка дестинација. Чиста животна средина, домашни специјалитети, ниски цени на угостителските услуги, можност за спортски риболов и излети во природа се предности“ - стои во стратегијата.

Близината со Косово е можност плус да се привлечат туристи, но анализите покажуваат дека треба да се подобри инфраструктурата и да се промовираат туристичките ресурси на општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk