Општина: Земјиштето кај пругата е во надлежност на Македонски железници

16.09.2015 12:26 | KumanovoNews

Од општина Куманово одговараат на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, дека сметот кај пругата се чисти два-три пати годишно, иако земјиштето е во надлежност на Македонски железници.

Општина: Земјиштето кај пругата е во надлежност на Македонски железници

Ние како комунална служба апелираме до граѓаните да бидат совесни и да не фрлаат смет на места кои не се предвидени за тоа, бидејќи од нас зависи во каква животна средина ќе живееме. Што се оденесува до посочената локација спроти маркетот Туш, тоа е во приватна сопственост и таму општината нема ингеренции, иако повеќе пати сме апелирале да се отстрани таа депонија или да се стават реклами за да не биде директно изложено на погледот на граѓаните - вели Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

Таа апелира граѓаните да го депонираат сметот каде што треба,  за да имаме поубава и поздрава животна средина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk