Општината бара да се постават контролни пунктови и да се врши дезинфекција на влезот и излезот од Куманово

23.03.2020 08:37 | KumanovoNews

Општина Куманово бара од Владата да воведе посебен контролен режим за влез и излез во градот и на тие места се постават средства за дезинфекција на автомобили и луѓе, за се спречи ширењето на коронавирусот во градот.

Општината бара да се постават контролни пунктови и да се врши дезинфекција на влезот и излезот од Куманово

Истовремено се предлага и да се зголеми траењето на полицискиот час во Куманово, поради новонастаната состојба со првиот смртен случај од коронавирус и зголемувањето на заразените.

- Треба да се постават контролни пунктови на територијата на градот и да имаме контролиран влез и излез на граѓаните, а истовремено на сите тие места ќе се врши дополнително дезинфекција. Исто така да се зголеми тајмингот на полицискиот час и истиот да биде во времетраење од 18 до 6 часот, - рече градоначалникот Максим Димитриевски.

 Тој побара Централниот кризен штаб да ги споделува со Општината сите нови информации, за да можат тие навремено да се вклучат и да ги планираат активностите и мерките против ширењето на коронавирусот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk