Општината ќе ги поправа оштетените тротоари

02.07.2015 13:11 | KumanovoNews

Општина Куманово ќе ги санира оштетените сообраќајници и тротоари, за што ќе бидат потрошени скоро 5 милиони денари.

Општината ќе ги поправа оштетените тротоари

Се очекува да бидат санирани над 3000 метри квадратни оштетена површина. Работите веќе се започнати на улицата “Србо Томовиќ“ лоцирана близу Монопол.

Ќе се концентрираме на сообраќајниците кои водат кон училиштата, потоа во централното градско подрачје, по што ќе следи обнова и санација на оштетувањата во приградските населби - вели Момчило Јовановски, помошник раководител во сектор за урбанизам во општина Куманово.

Работите ги изведува скопска фирма, и санацијата треба да биде завршена до почетокот на месец септември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk