Општината ќе го тужи Водостопанство

19.02.2012 15:17 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска се извини на граѓаните на Куманово што се најдоа во непријатна состојба и за време на викенд останаа без вода во своите домови, и најави дека ќе го тужи Водостопанство за исклучувањето на водата.

Општината ќе го тужи Водостопанство

Јас им се извинувам на граѓаните, но морам да кажам дека Општината нема никакво влијание во овој проблем,бидејќи тој е резултат на судири помеѓу две институции кои си ги бараат своите права на  еден непринципиелен начин. За оваа работа Општината ќе поднесе кривична пријава за сите кои го попречуваат редовното снабдување на водата, како основна потреба на човекот.   Ние синоќа направивме инспекција и утврдивме дека нема дефект на цевководот, а индиректно дознавме дека главниот регулационен вентил е затнат. По сугестија на луѓето од министерството се пуштени 160 литри во секунда што не е доволно за градот, но ќе ја ублажи тешката состојба. Сметам дека треба да се стави точка на оваа работа и никој не смее да си игра, ниту да купуваат политички поени. Сите ние сме губитници во политиката, а посено пред граѓаните- изјави градоначалникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk