Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината ќе стопанисува со новите базени, кои наскоро ќе бидат пуштени во употреба.
Советниците го подржаа предлогот на градоначалникот, Секторот за спорт и култура да управува со базенот, а јавните претпријатија „Водовод“ и “Чистота и зеленило„ да се грижат за нивно одржување.
„Има пречка во законот општината да го даде на стопанисување базенот на некое од јавните претпријатија . Доколку формираме ново претпријатие за стопанисување со спортски објекти тоа ќе чини многу повеќе од одржувањето на базенот. За да не создаваме нови трошоците ќе ги искористиме постоечките вработени во општината и претпријатијата. Ова ќе биде пробно, па доколку има потреба ќе менуваме некои работи, - рече Дамјановски.
На почеток ќе работи само отворениот базен, а поради спецификата затворениот ќе отпочне малку подоцна. Нема да работи ни угостителскиот дел кој ќе се даде на стопанисување на приватен субјект.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk